Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски и делегација на Комонвелтот на Австралија предводена од нерезидентниот амбасадор на Австралија за Република Македонија Рут Стјуарт и австралискиот амбасадор за борба против тероризам Пол Фоли денеска потпишаа Меморандум за разбирање за соработка во борбата против тероризмот.
На средбата, како што соопшти МВР, беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка меѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.