Се копа и во дивата депониа и во селата Злот и Лука, каде живееле двајцата осомничени вработени во Водовод – Бор, додека испливуваат нови грозоморни детали. Првиот човек на криминалистичката полиција потврди дека Данка се уште била жива кога била прегазена со автомобилот, но дека осомничените по секоја цена сакале да се ослободат од телото и да го сокријат злосторството.

-Според нивните искази, детето се уште било живо, се разбудило и тогаш совозачот се свртел, му ја ставил едната рака на грлото , другата рака на устата и го удавил детето. Тој веќе на 27-ми март дошол, го зел детето (од депонијата) и го одвел на друга локација и тука почнуваат маките со нив двајца. Тие се раздвоени, приказните им се совпаѓаат, но не можеме никако да допреме до него да ни објасни каде е телото, вели Нинослав Чмолиќ, шеф на Управата за криминалистичка полиција во интервју за Информер ТВ.

Главната дилема во јавноста е дали осомничените, кои ја признаа вината ќе бидат осудени за делото кое им се става на товар, а предвидува 10 години до доживотен затвор. За дел од правниците, самото признание не е доволно, но праксата покажала дека со силни докази, луѓе биле осудени, и покрај тоа што телото на жртвата, никогаш не било најдено.

-Tаа теза нема тело – нема дело не држи зашто тоа го докажавме во случајот со Беливук – Миљковиќ. Постојат други релевантни траги до кои дојдовме, вели Чмолиќ.

Бор втор ден е во неверување за случајот каков на памети Србија.

Граѓаните му оддават почит на девојчето, за чија неизвесна судбина 10 дена како едно дишеше целиот регион.

Со бело мече в рака денеска на плоштадот дојде и таткото на Данка во придружба на сопругата Ивана и група роднини.

Полицијата денеска откри дека двајцата убијците се нашле на листата осомничени уште вториот ден од исчезнувањето, откако било утврдено дека нивниот Фијат Панда бил единствениот автомобил меѓу 16-те други кои истиот ден поминал и се вратил по истиот правец покрај куќата на Данка.