Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.
„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во С. Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на С. Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.