Сведоци сме на едно заробено судство што на Суд добива само оној кој е близок до картелот на власт, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на партијата на прес конференција.

„Убијци се шетаат на слобода. Никаде го нема убиецот на Мартин Јанушев. Осудените од Смилковско езеро се помилувани, исто како што се помилувани и осудените во случајот „Сопот“ кои подметнаа бомба и убија војник на НАТО. Помилувани се и убијците на полицајците пред Арачиново пред 18 години.

Заедно со нив е помилуван и Заев. Клиентелистичкиот суд се прави слеп на снимката на која што Заев бара евро за Вицето и евро за црквата. Судот се прави и глув на исказот на оштетениот сведок. Затоа Македонија тоне во корупција и назадува за 17 места на листата на Транспаренси. Затоа криминалците се чувствуваат охрабрени и се закануваат и рекетираат секаде каде што ќе стигнат. Заев ослободи 750 соработници во криминалот, додаде Јанушев.

Во обраќањето до граѓаните, тој запраша:

„Размислете дали вам Ви е подобро со тоа што Заеви ја купија „Герас Цунев“ по цена на една гарсониера. Дали вие имате повеќе пари за вашите деца со тоа што Заеви си доделија концесија за ископ на глина? Дали вие го решивте станбеното прашање со тоа што Заеви си поделија градежни дозволи да градат згради низ цела Македонија. Дали Вие имате подобар пристап до здравството и поевтини лекови со тоа што кланот Заеви си доделија концесија за бизнис со марихуана? Колку вие имате корист од тоа што камионите на Заеви во „РЕК Битола“ работат или милионите што ги инкасираше Кочо Анѓушев од продажбата на неговата фирма на грчкото електростопанство?“

Ова се резултатите од нивното едногодишно владеење, потемнцираше јануешев. Затоа, тој ги повика граѓаните во сабота во 20:00 часот пред Владата на Република Македонија, да го обележат почетокот на крајот на оваа Влада.

 

.