Ирански воен авион паднал во близина на селото Дастјерд во провинцијата Исфахан, јави агенцијата Тасмин. Пилотот и копилотот се катапултирале на време.
Во соопштението на воздухопловните сили на Иран, кое го објави Фарс, се наведува дека борбениот авион имал технички проблеми откако полетал од воздухопловната база во Исфахан на тренажен лет и дека паднал во близина на селото Хасанабад, пренесува Ројтерс.
На местото на настанот излегле тимови за вонредни ситуации, а пилотот и копилотот на „Ф-7“ биле пренесени во болница.