На распоредот на најголемиот европски фудбалски спектакл денеска не очекуваат три натпревари.
Љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во три натпревари од групната фаза кои може да донесат многу неизвесност и возбудувања.
Во 15:00 часот играат Романија и Украина. Овој натпревар од групата Е се игра во Минхен, на стадионот „Алианц Арена“.
Вториот натпревар од групата Е ќе се одигра во Франкфурт, на стадионот „Валдштадион“ со почеток во 18:00 часот помеѓу Белгија и Словачка.
Фудбалскиот ден завршува со мечот од групата Д помеѓу Австрија и Франција кој почнува во 21 часот на стадионот „Меркур Шпил-Арена“ во Дизелдорф.