Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Според УХМР, следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која од недела насекаде ќе биде над 30 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Најсвежо утрово е во Лазарополе, каде до 8.30 часот, измерени се шест степени. Температурата во Дојран и во Гевгелија достигнала 20 степени на почетокот од денов.
Седум степени се измерени во Берово, осум во Маврови Анови, девет во Крива Паланка, Попова Шапка, 11 во Битола, Крушево, 12 во Тетово, Охрид, Претор, 13 во Скопје – Петровец, Прилеп, Штип, Дебар, 14 во Виница, Струмица, Куманово, 15 во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, 16 во Кавадарци, 17 во Велес.