Демократската унија за интеграција изразува загриженост дека коалицијата ВЛЕН, која ги загуби изборите, како протагонист на понижувањето на Албанците, уништува се што е постигнато две децении по ред, се вели во партиското соопштение на ДУИ, партија која две децении беше на власт.
Во продолжение целото соопштение од ДУИ:
Со ДУИ во Владата, РС Македонија беше претставувана не само на НАТО и другите меѓународни самити, туку и во највисоките институции на САД, претставена од албанскиот премиер, првиот вицепремиер и албанските министри.
Нашата земја денеска за прв пат е претставена од моноетничка делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД.
Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВЛЕН се множат со нула како резултат на немањето изборен и етнички легитимитет.
Денеска во делегацијата на РМВ на Самитот на НАТО нема место ниту за „џентелменскиот“ вицепремиер, а камоли за некој министер.
Симболичното присуство на пратениците во Парламентарното собрание на НАТО, а не на самитот, не го покрива срамот од понижувачката улога без достоинство на Албанците во државата.
Само кога влагаш во Влада без легитимитет те прави толку небитен за вакви важни прашања.
Албанците не го заслужуваат ова понижување и потчинување во сите сегменти на власта.
Овој чин претставува систематски обид да се тргнат Албанците од учеството во претставувањето на земјата во интегративните процеси, во кои протагонист беше ДУИ, како во членството во НАТО, така и во започнувањето на преговорите за членство во Европската унија.
Демократска унија за интеграција