ПО ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ПОЛИТИЧКИОТ ЛИДЕР НА ХАМАС: Во Иран прогласена тридневна жалост

/ 31.07.2024

По убиството на политичкиот лидер на Хамас, владата на Иран ги прогласи 31 јули, 1 и 2 август за денови на жалост.

Во соопштението се нагласува дека „варварското“ убиство на Ханије ги прекршило сите меѓународни закони и норми на хуманитарното право, што сведочи за „терористичката природа на израелскиот режим“.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти дека Исмаил Ханије и еден од неговите телохранители биле убиени во напад на нивната резиденција во главниот град на Иран.

„Несомнено, ова злосторство на ционистичкиот режим ќе наиде на остар и болен одговор од моќниот и голем Фронт на отпорот, особено од исламскиот Иран“, предупреди ИРГЦ.

Пораката доаѓа веднаш откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и врховниот водач на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи ветија дека ќе му возвратат на Израел.

По погребната церемонија што ќе се организира утре во Техеран, неговото тело ќе биде пренесено во Доха, објави Хамас на својот канал Телеграм.

Ханија ќе биде погребан во петок во главниот град на Катар, се додава во соопштението.


Од истата категорија