Унгарија денеска ќе обезбеди три теренски противпожарни возила кои треба да помогнат во гасењето на пожарите, објави на својот профил на социјалните мрежи унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Ваква одлука била донесена по вчерашниот телефонски разговор со неговиот македонски колега, Тимчо Муцунски.
Дополнително Унгарија ќе испрати и два хеликоптери на унгарското воздухопловство кои ќе бидат директно вклучени во гасењето на големите шумски пожари што ја зафатија Македонија.
Министерот за надворешни работи на Македонија, Муцунски вчера соопшти дека во разговорот со Сијарто изразил голема благодарност за солидарноста и ја нагласил, како што објави, важноста на соработката меѓу двете земји во вакви критични моменти.