Премиерот Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека откупната цена на грозјето годинава е историски најголема. Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение во целост.
Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино.
Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг , додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг.
За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%.
Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот.
Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила. И 350 милиони денари за АД водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата.
Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот.
Исполнуваме
За тебе!