Капитенот на Барселона, Лионел Меси си купи авион за 15 милиони евра. Новата инвестиција на Аргентинецот е со цел подобро да биде поврзан со татковината .
Авионот е од моделот „Gulfstream V“ и со него Меси има намера да лета заедно со семејството на релација Шпанија – Аргентина – Шпанија.
Авионот има капацитет з а16 лица. Располага со две бањи и две кујни. На опашката е испишан бројот 10 – бројот со кој настапува ѕвездата на Барселона.
Меси, исто така сакаше имињата на членовите на неговото семејство да бидат напишани на чекорите на скалата. Во моментов, авионот се наоѓа на аеродромот во Буенос Аирес.