Од шест закажани натпрервари во Првата француска фудбалска лига кои требаше да се одржат денеска, четири се откажани поради безбедносни причини, односно поради протестите на „жолтите елеци“.
Одложени се натпреварите ПСЖ-Монтпеље, Анжер-Бордо, Нимс-Нант и Тулуз-Лион. Во тек се единствено натпреварите Гингамп-Амиенс и Рен-Дижон.