СДС потребно е да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што премиерот Мицкоски го понуди како платформа на обединување, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се принципите за обединување:

1. Правда и правна држава

2. Стоп за партизацијата на општеството

3. Крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кој се кријат лукративните интереси

4. Да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните

5. Праведно општество

6. Силно образование

7. Исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ

8. Национално и државно единство

9. Борба против иселувањето

10. Градење на заеднички патриотизам, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство. СДС да се исчисти од криминалот и да ги прифати овие принципи за заедништво, додаваат од владејачката партија.