Во очекување на новости за процесот на преговорите за името, денешна „Елефтеротипија“ повикувајќи се на владини извори, пишува дека Атина сака „комплетно решение“, одговарајќи на прашање дали е точно дека името со одредница ќе се решава во различни временски фази.
„Грција инсистира на целосно решение, а Заев не зборувал за специфични рокови“, вели изорот за „Елефтеротипија“.
Но, весникот повикувајќи се на некои претходни изјави, обелоденува дека „Заев барал дополнително време“, односно „договорот да се постигне до крајот на годината, затоа што реакциите во неговата земја се тензични“.
Веникот, меѓутоа, нема јасен догоор зошто во моментов договорот е ставен под мраз и шпекулира дека е можно „тоа да е тактика на Скопје“ со цел да добие меѓународна поддршка, или едноставно да го искине договореното.
Оваа анализа е сосема нејасна ако се земе предвид дека во неа се потврдува оти Димитров и Коѕијас на премиерите им оставиле договорени точка по точка, и оти на предвидениот состанок во Преспа требало само да се стави печат на политичка волја за спроведување на договорот.
Според анализата на весникот најлогичен заклучок е дека преговорите не се закочени заради технички прашања, туку заради позицијата која ја има претседателот Ѓорге Иванов, за кого се вели дека е на цврсти националиситчки позиции како екс-премиерот Никола Груевски, но и поради ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Масовниот митинг само ја поткрепил сегашната состојба во преговорите, иако не треба да се заборави и фактот дека се е поизразен негативниот став за текот на преговорите и кај грчката опозиција. А без две опозиции нема да има договор.