Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала се почуствува во Скопје.
Земјотресот се случи во 2 часот и 2 минути по полноќ.
Според Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот е 13 км североисточно од Студеничани, на 23 километри исочно од Скопје, со длабочина од 12 километри.
Првично проценката беше дека јачината е 3,5 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета. Потресот предизвика вознемиреност кај граѓаните кои беа будни.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија.