(Преданијата за Александар Македонски и Битката кај Гавгамела во некои детали се поклопуваат со историските, но во приказните му се дава и митска моќ, што може да се види и од раскажувањето што го објавуваме од Македонец од Егејска Македонија, роден во 1895 г. во Воденско, а запишано пред 50 години.)

 Едно време Цар Александар беше дете. Он имаше татко. Татко му беше стар, а цар Александар беше дете малечко. Дојде време персијскиот цар донесе којн у Македонија, сакаше да го продаде на цар Александар. Ко го донесе и му го занесе на татко му на цар Александар за да го купе. Ка му го занесе којнот, којнот бил многу плашлив. Никој не можеше да го вјаа. Дојде време цар Александар као 12 годишно дете се качува на којнот и летнува. Сонцето иде за да зајде, а он оде спроти сонцето. Мајка му и татко му кога тргна тој, кога вјана којнот си рекоа дека детто загина. По време на вечерта детто си дојде со којнот и му вика на татко му:

-Татко – рече – фаќај којнот дека овој ќе биде мој.

Татко му го послуша. Персијскиот цар му го остави којнот и си отиде. Тогин Александар како дете немаше презето цар, татко му одговараше. Секоја вечер тој ќи легне да спие, се моле да умре татко му, за да презеде тој. И у кратко време татко му умире. Ка умре он беше дете 15-16 годишо. Ка умре презе он да располага со војската. Персијскиот цар му прати на цар Александар, му вика: „Царје, ти честитам сега на теб, оти ти си цар на местото на татко ти и ти располагаш со твојот народ и затоа да станиш да дојдиш да те учам као да станиш цар“.

Цар Александар као дете му вика на персијскиот цар: „Ти не си вреден мен да ме учиш. Многу си далеку“.

Шо прави персијскиот цар? Му праќа тиниќиња од конзерви, клопотарки и му вика: „Со овие можош да си играш по улицта“.

Цар Александар се замисли: „Ајде, ајде – вика – ќе дојде време јас да ти расправам“. Каде дојде у годинте му праќа назад. Му вика: „Царе, ти шо ми праќше кутијте и клопотарките за да се занимавам по улиците со децта, јас ќи дојдам со се војска да те видам теб, а не идам ти да ме учиш, не си поспособен да ме учиш!“ И царот си викам: „Да станам у години!“ Персијскиот цар се насмеја: „Ех, то детто, тоа мисле да ме бие мен. Добро!“

Ко цар Александар дојде на 20 години фаќа му вика: „Ајде да се спремаш за војна!“ Цар Александар му вика. Персијскиот цар: „Ех, ех – се насмеја – цар Александар ќи дојде мен да ме бие!“ Фаќа товара 3, 4 – 5 камили просо, му ги праќа во столицта на цар Александар. Со пратеници (тогај немаше телифон) со којнте, со камилите му испраќа и му вика: „Еве ти царе Александре вие камилите просо, ако можиш да го изброиш во просто, тогни можиш ти Персија да ја победиш!“

Цар Александар му веле на војската:

-Ајде, деца – вика – удрејти ги чизмите – вика – удрејте ја македонската гајда, едно оро ќи напрајме да пулат пратениците. Едно дробно ситно оро ќе напрајме, ќи сокршме сендуцте и ќи го согазме просото и така – вика – персијскиот цар ќи го согазме!

И удрија Македонците една гајда. Фатија едно оро ситно и ги сокршија сендуцте со нозите. Ги изгазаја просто и му велат на пратениците:

-Еве – вика – го видовте просто како го согазивме, не го бројаме, и така Персија ќи ја согазме! – Цар Александар уште вика – Ајде, да ти пратам јас нешто од Македонија. Зема од вие чушките ситните едно кило, му вика. – На, ќи му ги дајте на царот ваш, ако може да ги изеде вие чушките, тогин може Македонија да ја повладе.

Фатије пратениците ги зеја чушките и ги занесоја во Персија. Ка му ги занесоја на персијскиот цар, му викат:

-Велики царе – вика – Македонецот направија едно оро, една гајда свиреја, го согазија просто и викат дека така ќи не согазат. Туку ни дадоа – веле – вие чушките и ми велат: „Ако можиш да ги изејш, тогај цар Александар ќи падне!“

Зеве персијскиот цар, каснува една. Не бре, брате, не се јаде никак, не се клава во устата. Се чуде, се уме да зеве друга, ама ништо, така го залути, не се јаде:

-А, не бива ва работа!

Цар Александар му јавува:

-Ајде – рече – војна!

И почна војната. Оде, оде, оде до реката Илини. Дојде на река Илини. Оде сја, ќи влезе во персијскиот цар. Ко дојде на река Илини, не можат да минат Македонците. Се чудат, се умат. Цар Александар као Македонец му вика на војската:

-Е, деца – рече – вие тука ќи окрепте. Јас ќи одам – вика – при царот да го видам шо му е планот, како работе и шо има. Да му го видам домаќинството.

Му викат нејните, официрте, командири што му беја:

-Как – рече – велики царе, ти ќи одиш тамака. Ќи те фате персијскиот цар, ние шо ќи прајме?

И вој му веле:

-Не бојте се вие, јас ќи одам и ќи си дојдам!

И така прегазе преку ректа, преку река Илини и отиде. Отиде во персијскиот цар. Отиде во персијскиот цар, по патот си направи книга као од цар Александар иде, а он истиот. Ка отиде тамака:

-Добро вечер!

-Добро вечер!

-Велики царе, цар Александар ме прати менека ва писмото да ти го дам – вика – и да ми одговориш. Туку едно ќи ти кажам. Устај го!

И персијскиот цар рипнува:

-Как – рече – да гу уставам. Толку илјади војска ми истепа, толку жени има сираци, море ќи го терам сега, туку на река Илини да минам!

А он цар Александар си слуша, зева мерки. Еден беше од Солун, со цар Александар биле заедно во едно кафене. Му веле:

-Ех, абре, ти како те умее да си цар Александар?

И вој му веле:

-Да, истиот сум – веле – така приличам и за тоа мен цар Александар ме праќа на најтешките работи. И во војската коа врвам, сета војска ми стое, веле: „Цар Александар иде!“.

И персијскиот цар се замисли. Му вика на вој од Солун:

-Слуши ваки, добро е ако е он. Ќе те кладам на десната страна, ами како не е он, ако не е цар Александар, шо прајме?

Зеле да се чудат:

-Абре, он е, заедно ние, го знам – вика – он е!

-Иди – рече – питај го пак.

Оде там. Му вика тој:

-Абре, истиот сум – веле – ти кажувам оти истиот сум, на него прилегам. Ви велам затоа цар Александар ме праќа мен.

Ајде вие пак застанаа. Дојде да вичерат:

-Ајде, – веле – сум изморен, да вичераме!

-Как ќи речиш!

Дојде да вичерат. Му давале златни чеши. Вој цар Александар си ја испи чешта, си ја кладе во џебот. Му вели другарот:

-Е, еј – вика – шо правиш? Колку чеши ќе пиеш, толку златни чеши ако земиш, шо прајш?

-А, аа – веле – как ќи ме знае цар Александар оти колку чеши пи вино. Ќе му речам: „Ја, колку богат бил царот, колку чеши ми даде вино и чеште ми ги остави у џебот да ги земам!“

И царот се усрами, му даде уште една чаша. Тури, цар Александар си ги кладе у другте чеши. Персијскиот цар се чуде. Не може ништо – дојден е. Вика:

-Мислејте, слагајте – му вика цар Александар – јазика да одам да приспијнам тро и да ни правиш книга как да му одговорам на цар Александар.

-А, ќи му одговорам сега јас. Ќи ја соберам целата војска и ќи те терам тебе!

-Добро!

Отидоа, му направија тамака еден кревет. Си легна да спие. Ка легна да спие, шо праве? Клаве едно дрвце на креветот, клал една перничка и оде. На првиот стражар му вика:

-На ова чеша од царот, за как се врнам да си ја зевам!

Оде на другата стража:

-На, на теб ваа чеша, ќе се врнам, ќи си ја зевам!

Оде на третата стража и нему му ја даве и таа чеша и станува си го вјанува којнот. Цар Александар си избега. Вие мислат, кројат како да го фатат, а он си отиде сиромавиот.

Дојде времето персијскиот цар му вика на тој од Солун:

-Оди, бре – веле – разбуди го, белки ќи го докачиме на нешто. Оде вој. Ја дека спие. Се враќа назад и му веле:

-Ја го, нека спие!

-Ми, ај нека преспие уште тро.aleksandar makedonski

Дошло времето:

-Ајде, бре, оди скорни го, шо сака нека биде!

Ко одат да видат, во креветот нема го. Цар Александар си избегал сиромавиот. Излегват надвор:

-Бре, мина човек тука?

-Мина. Ми даде чеша златна!

Одат на другиот – чеша златна. Одат на третиот – чеша златна. Тој му ги дал и сега он ќи мине ќи си ги зеве чеште. И отамка летат и дошле на ректа Илини. Ко притераа они дореката Илини, пуле војска. Цар со се војската лете на ваки. Му вика:

-Еј, не ги тепајте којните, јас сум истиот цар Александар, што дојдов да ве вида. Туку згазејте се да не умира војската!

Цар Александар ја испулел ректа. Му вика на војската:

-Деца, – вика – на царот сега ќе му ја фатме целата војска.

-Што? – Му вика војската.

Рече:

-Ќе ја навртиме река Илини позад нив. Едно ќе секне водта, нија на суво ќе поминме и Персија ќи ја победиме.

Ех, дошло времето как рекол. Фаќат војската копај, копај, ја навртеле ректа. Вие на ваки тргнуват и одат и го победуват. Тере, тере, как одел цар Александар го нашол царот легнат, ранет. Персијскиот цар го фаќа цар Александар и му вика:

-Кажи, дали мојата војска те рани или твојата?

И он му веле:

-Не од твојта – вика – мојта војска. Туку ти се молам цар Александре – му вика – скоро да стигнеме на палатот. Ќерка ми Илена да ти клај столица. Да ти биде домаќинка и царството да ти го потпишам!

Цар Александар киниса. Го јавна којнот, го занесоа персијскиот цар без којн. Ко го занесоа, му вика на ќерка му:

-Синку, ќерко – рече – скоро зевај царските столици, туриј двете само колку да ве видам оти ти си кралица на Александар. Едно – вика – ќе ви кажам – на ќерка му и зет му.

-Да не се гордејте со вашето богатство. Јас бев најпрвиот богат, најголемиот цар, а дојде времето едно дете да ме падне и да ми го земе царството.

(Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски народни преданија (книга 1) – Танас Вражиновски 1986; Стр. 26 „ЦАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“; Раскажал Ристо Крстев, роден во 1895 година во село Пожарско, Воденско. Снимил Мице Пашоевски во 1969 година во Демир Капија)

(Подготвил: М. П.)