Премиерот Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните од 27,8 отсто, покажала најновата анкета на ИПИС изработена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Истражувањето е работено во октомври теренски на 1005 испитаници.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од тројна поддршка пред Али Ахмети од ДУИ со 8,6%, додека лидерот на СДСМ Венко Филипче ужива 5,5 отсто доверба. Неговиот претходник, поранешниот премиер Димитар Ковачевски доби 0% доверба, поточно никој од испитаниците не кажал дека има доверба во него.
Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски со 4,3 отсто доверба од граѓаните е пред лидерот на Левица, Димитар Апасиев во кој доверба изразиле 4 отсто од испитаниците.
Следи министерот за здравство Арбен Таравари со 2,7%, кој после Ахмети води меѓу албанските политичари. Африм Гаши има 2.1%, Изет Меџити 1.9%, а Билал Касами 1.4 отсто.
Граѓаните доверба изразиле и за поранешните политичари. Па, за Бранко Црвенковски гласале 1.5 отсто од испитаниците, а по 1.1% добија Никола Груевски и Стево Пендаровски.
Висок е процентот и за оние кои рекле дека немаат доверба во ниеден политичар – 26,5 отсто. Одговориле со „не знам“ или немале одговор 7.8 отсто, а друг политичар навеле 2.6. отсто од испитаниците.