Наголемо се шпекулира дека Заеви веќе ги преселиле главните бизниси во Дубаи и дека Зоран Заев наскоро би можел да стане и жител на најголемиот бизнис центар на Блискиот Исток, објавија медиуми во Македонија.

На социјалните мрежи доцна синоќа осамна видео, на кое се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на забава која неодоливо потсетува на гранде журката на познатиот пејач Харис Џиновиќ во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.

Видеото го споделија и новинарот Драган Павловиќ Латас и порталот Вечер.

Добро упатени извори тврдат дека Заев и Филипче навистина биле заедно во Дубаи и не ја пропуштиле еклслузивната прилика да се провеселат на журката на Џиновиќ. Истите извори велат дека Филипче и Заев не биле сами во престолнината на бизнисот на Блискиот исток.

Српските медиуми веќе известија за журката на познатиот пејач во Дубаи, нарекувајќи ја „дернек каков што не се памети“, а влезниците чинеле и по неколку стотици евра.

За македонската јавност многу поинтересно е прашањето е што барал на оваа журка лидерот на СДСМ Венко Филипче и каква е неговата поврзаност со шпекулациите дека неговиот политички ментор Зоран Заев ги сели бизнисите во Дубаи, каде што од март идната година наводно планирал и тој да се пресели.

Поранешниот премиер Зоран Заев сега е „обичен смртник“, против кого, колку што ни е познато, барем засега, не се водат никакви истраги. Според тоа, како слободен граѓанин без посебни обврски кон истражните органи на својата матична држава, тој може да патува каде што сака и кога сака.

Но, Венко Филипче не е во таква позиција. Тој е претседател на СДСМ и пратеник. Колку што ни е познато, редовно обавува и лекарска пракса. Според тоа, тој по повеќе основи има обврски и кон државата и кон својата партија, па затоа е должен да објасни што барал во Дубаи со Зоран Заев, а и на оваа бесна журка, објави Плусинфо.