Полицијата приведе возач кој се движел во спротивна насока на автопатот Тетово – Скопје.

Во петокот вечерта, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го приведоа В.Т.(67) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со своето патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувал на автопатот Тетово-Скопје во ул. спротивен правец од наплатна рампа Тетово до наплатна станица Желино, создавајќи општа опасност во сообраќајот.