ВУЧИЌ: Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да објаснам

/ 05.12.2024

Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам, вака српскиот претседател, Александар Вучиќ го прокоментира гласањето на осум земји членки кои се изјаснија против отворањето на кластерот 3 со Србија, меѓу кои и Бугарија, Хрватска, Холандија, Финска, Шведска, Литванија, Летонија и Естонија..

-Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да објаснам. Ми се чини дека разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнете. А за Хрватите разбирам, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив.

Тој најави дека Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ за следната недела ќе закаже нов состанок, зашто меѓувладина конференција треба да се одржи меѓу 16 и 20 декември.

„Им благодарам ако го отворат третиот кластер, им благодарам и ако не го отворат. Важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив. Ние ќе се потрудиме следната година да бидеме најбрзо растечката економија во Европа“, рече Вучиќ.


Од истата категорија