Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собираат членови и активности на Демократската унија за интеграција.

Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми. Присутни се и лидерот на партијата Али Ахмети и на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Од ДУИ вчера ги повикаа граѓаните да им се придружат.

– Ова е одлучувачки момент за иднината на нашата мултиетничка и демократска држава. Обединети и спокојни, да испратиме порака за важноста од почитување на еднаквоста, правдата и демократските вредности, стои во објавата на Фејсбук.

 

Околу судот има засилено полициско обезбедување.

Активисти на опозициската ДУИ од неделата се пред Уставниот суд со деноноќно присуство во, како што велат, одбрана на Законот за јазиците. Според ДУИ, укинувањето на Законот ќе значи „уривање на еден од клучните столбови на Охридскиот договор, а владејачката коалиција без легимитет наместо да се работи за заедничка иднина, разденува и напаѓа“.

Меѓу присутните се Бујар Османи, генералниот секретар на ДУИ, Фатон Амети и Арбер Адеми. Артан Груби не е меѓу присутните на „стражата“ на Ахмети. Според најавите додека судиите одлучуваат, пред зградата на Уставен се слуша музика, а предвидени се обраќања и говори на функционери на ДУИ. Не се исклучува можноста да се обрати и лидерот на интегративците, Али Ахмети.

 

Зошто Артан Груби не е пред Уставен?- се прашуваат граѓаните за првиот вицепремиер на Димитар Ковачевски. И иронично се мајтапат дека можеби не е негова смена за „стража“. Во екипата пред Уставен го нема „фудбалскиот лидер на мали голчиња“. Како и за канцелариски баскет.

Уште пред почетокот на седницата на Уставниот суд закажана за 9:30 часот на која ќе се расправа за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, очекувано, функционери на ДУИ веќе беа присутни во шаторите поставени пред зградата на судот.