Демократско право на секоја опозиција, вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја коментира денешната интерпелација во законодавниот дом.

-Сметам дека ова е само еден обичен дефокус на македонските граѓани од вистинската борба против криминалот и коруцијата која е јасна, која се спроведува, само што е започната и ќе продолжи со посилен интензитет. Чудно е малку времето зошто сега, кога борбата против криминалот и корупцијата е видлива, вели Тошковски.

Министерот додаде дека во Собранието ќе ги слушне аргументите за интерпелацијата, а таму ќе ги изнесе неговите факти за кои рече дека се на страната на вистината.

Тошковски нагласи и дека народот е тој кој суди и оценува, а народот во изминатиов период видел како може да се работи.