Ноќеска и во текот на денот ќе има врнежи од снег и во пониските места, па според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се очекува на повеќе места да се формира снежна покривка.

Според УХМР, денеска во текот на целиот ден ќе има врнежи, а на места, особено во западните делови од Македонија ќе бидат обилни . Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови на земјава. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Во Скопје почнувајќи од ноќните часови и во текот на денешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Повремен снег ќе има и во понеделник. Во следните денови до петок ќе преовладува променливо облачно и студено време, со услови за повремено провејување на слаб снег.

Најниските температури во текот на ноќта ќе бидат под нулата, во среда се очекува и до минус 10 степени, а дневните ќе се движат од минус 4 до плус 6 степени.