Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, соопштија од МВР.
Акцијата која ја прави Бирото за јавна безбедност според информациите во исто време претреси вршат и во неколку економски оператори меѓу кои добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата.
Во МВР подолг временски период јавна тајна било дека сервисирањето на возилата претставува ноќен кошмар, бидејќи некои организациски единици останувале без службените возила со месеци, а откако биле известувани да си ги подигнат возилата наводно исправни, гледале дека нема промени и повторно ги враќале на сервисирање. Гневот на вработените бил голем, но оние што биле надлежни и одговорни во МВР да го контролираат целиот надзор и квалитетот веројатно биле дел од корупциската шема.
Во меѓувреме додека се истражувале старите злоупотреби истрагата дошла до информации дека економските оператори во соработка со поедини надлежни и одговорно лица – вработени во МВР договарале како повторно да добијат нови милионски тендери. На тој начин со денешната акција за прв пат во историјата на Јавните набавки во Македонија имаме случај на спречен обид за потпишување на нов договор за јавна набавка штетен по една институција а со тоа по парите на граѓаните.
“Нема да биде како до сега! Ќе сноси одговорност секој, без разлика дали е полицаец, началник или било кој друг. Законите важат и ќе важат за сите, бил ставот на највисокото раководство на институцијата кои јасно ја пренесуваст пораката до сите вработени.
Со овој потег, министерството испраќа силна порака дека старите практики нема да се толерираат, а дека навистина ѓаволот ја однел шегата, потврдуваат големите акции во насока на борба против секој облик и вид на криминал што МВР ги реализира во изминатите шест месеци.