Во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел, во Скопје, одбележавме 21 – година од смртта на претседателот Борис Трајковски, вистински лидер и визионер за единство и мир, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Неговите дела, вредности и верба во Македонија и македонските граѓани засекогаш ќе бидат инспирација за сите нас!

„Верувам во Македонија – изборот е Македонија!“

Нека му е вечна слава!, пишува Мисајловски во својата објава.