Условна казна добил 64-годишниот хирург од битолската болница откако на судскиот процес признал вина за кривично дело за примање поткуп од роднини на пациент. Обвинителството е незадоволно од изречената казна и поднело жалба до битолскиот апелациониот суд.
Судењето се одржало на 14-ти февруари, двојниот празник Свети Трифун/Свети Валентајн кога хирургот признал вина за обвинението дека за операција на жолчка барал 150 евра од роднина на негов пациент. По признанието на вина, судот определил условна затворска пресуда.
Хирургот беше во притвор откако на 28-ми јануари беше пријавен за митото од семејството. Клиничкиот центар во Битола и Министерството за здравство го суспендираа лекарот и го сменија од раководната функција која ја извршуваше до тогаш. Болницата се огради од постапката на лекарот.
Хирургот заминал во пензија на 26-ти февруари, објави веб порталот апла.мк.