Утрово починал возачот на Брзата помош од Кочани, кој цела ноќ ги превезуваше повредените во страотниот пожар од дискотеката на смртта во Кочани.
Тоа секако е нов шок за Кочани.
Станува збор за Иле Гоцевски, долгогодишен возач на Брза помош, кој починал од стрес и тага кога дошол дома да се одмори по ноќта на хорор. Легнал и повеќе не се разбудил.
Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.