Државниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва на Топ тема на ТВ Телма објави дека пред да влезе во студиото добил информација дека основниот обвинител издал решение за приведување на 7 лица од полицијата кои утре ќе бидат најверојатно изнесени пред судија за претходна постапка.
– Сега во обвинителот од Кочини добив информација дека е издаден налог за приведување на нови 7 полициски службеници. Тие ќе бидат обезбедени и за нив ќе бидат побарани мерки за претпазливост – изјави Коцевски, но не прецизираше дали се работи за лица кои биле присутни на самото место на трагедијата или за службеници кои евентуално не постапиле согласно своите овластувања.
Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се зголемува на 14 лица, бидејќи пред скоро месец беа приведени други седум полицајци. Засега, истрагата се води за едно кривично дело, а тоа е предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.
Целта на јавното обвинителството во истрагата за дискотеката „Пулс“ во Кочани е да ги докаже кумулативните ефекти на долгогодишното пропуштање, односно дали тој верижен систем на пропуштања или тие несторувања влијаат на критичниот ден, најави државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Ваква трагедија досега ниту во Македонија, ниту во соседните земји,за други не знам, не е случена. Навистина ова е многу тежок, многу сложен, многу комплексен предмет. Ангажирани се многу јавни обвинители и многу внимателно се постапува на сите детали кои што можат да бидат корисни“, вели Коцевски.