Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова и еврокомесарката Марта Кос ќе разговараат за проширувањето на Европската Унија. Тие ќе учествуваат на отворањето на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“.

-Ова ќе биде моја прва средба со комесарката Кос. Сакаме да слушнеме од неа каква е визијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Моја опсервација е дека оваа тема е целосно напуштена во последните месеци, изјави бугарската потпретседателка пред почетокот на форумот.

Јотова потврди и дека ќе го каже ставот на Бугарија во однос на Република Македонија.

-Според мене, оваа дебата се искривува и кај нас во Бугарија и на европската сцена. Има обид на нашите колеги од С. Македонија да ги претстават нормалните барања на Бугарија – почитувањето на европските критериуми – како речиси каприц од наша страна, а дополнително се обидуваат да ги стават во билатерална блокада, што не е точно, рече Јотова.

Видеото може да го отворите ТУКА.