Ова истражување покажа дека македонските граѓани денес сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува Македонија се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените. Во досегашните истражувања на јавното мислење на МКД.мк и на Маркет вижн, за првпат криминалот и корупцијата се на второто место

АНКЕТА: За првпат по години – Eкономијата наспроти корупцијата станува најважниот проблем

Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата држава беше криминалот и корупцијата, последното истражување на МКД.мк покажува дека македонските граѓани сметаат дека денес тоа е економијата. Истражувањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.