Ќе продолжи синдикално да се ангажира, но не во синдикатот за култура од каде денес и официјално, повеќе не е член на Советот.

Васко Јолески, претседател на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински и досегашен член на Советот на СКРМ, во изјава за КУРИР уште пред една недела искажа сомнеж дека сакаат да биде отстранет, обвинувајќи дека еден од најдобрите синдикати се претворил во политичка партија.

-Се изгласа мое исклучлување од Советот. Јас и да не бев исклучен, планирав да поднесам оставка. Ги замолив да изгласаат и го напуштив состанокот. Во иднина, синдикално ќе се ангажирам на друг начин, веќе не се гледам тука во овој синдикат. Овој синдикат откако дојде ново раководство, не личи на истиот синдикат. Исполитизиран е и не се пронаоѓам во него, рече Јолески за КУРИР веднаш по завршување на состанокот.

Тој воминатата изјава оцени дека ваквата постапка на СКРМ, отстранување на неистомислениците, наликува на постапките на партијата Левица, која како што вели, така ги исклучувала членовите од партијата кои не мислеле исто како раководството.

-За жал, од еден од најдобрите синдикати се претвораме во политичка партија како Левица. Се угушува мислењето, волјата на членовите и желбата за синдикалност, смета Јолески.