Манојловски: Законот за амнестија не е целосен и не носи национално помирување

/ 26.12.2018

Законот за амнестија не е целосен, а за да има национално помирување, како што се заложбите, треба да опфати многу повеќе луѓе, рече пратеникот Горан Манојловски, на гостувањето на МРТ1.

Манојловски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, нагласи дека тие како пратеничка група излегоа со предлог закон за амнестија кој што требаше да ги опфати сите чинители од настаните за 27-ми април.

– Законот не беше изгласан од владејачкото мнозинство. А по извесен период имаше формирано наводно група во Собранието на Република Македонија во кое што учествуваа и дел од поранешните пратеници на ВМРО –ДПМНЕ. И изготвија предлог закон за амнестија кој што веќе е актуелен и изгласан во Собранието, рече Манојловски.

На тој предлог од законот за амнестија, додаде Манојловски, поднесовме дури и еден амандман кој што не беше прифатен, и законот помина како што помина.

– Како што гледате деновиве има многу луѓе кои што се опфатени со процесот од настаните од 27-ми април кои што веќе поднеле барање за амнестија но има и луѓе што и јавно кажуваат дека нема да поднесат барање за амнестија. Сметам дека овој закон не е целосен. Доколку сакаме да има национално помирување треба да има опфатено што повеќе луѓе, посочи Манојловски.


Од истата категорија