Франција е подготвена да разговара за распоредување на своето нуклеарно оружје во други делови од Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

За време на интервју за француската телевизиска станица TF1, Макрон рече дека САД веќе имаат авиони со нуклеарно оружје авиони во Европа. Тој додаде: „Подготвени сме да го отвориме тој разговор“.

Макрон нагласи дека секое проширување на француското нуклеарно одвраќање кон други европски земји ќе биде предмет на одредени услови, вклучително и гаранција дека контролата врз употребата на оружјето ќе остане исклучиво во рацете на францускиот претседател, објави „Њузвик“.

-Секогаш постоела европска димензија што ги зема предвид виталните интереси, рече Макрон.

Според податоците од 2024 година од Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Франција поседува околу 280 нуклеарни боеви глави што можат да бидат лансирани од подморници или борбени авиони.

Макрон е лидер на единствената нуклеарна сила во Европската Унија, а неговите изјави ја одразуваат несигурноста меѓу европските земји околу нуклеарната посветеност на Америка кон континентот, особено во контекст на заканата што ја претставува Русија.

Во интервју за француска телевизија во вторник, Макрон рече дека САД имаат нуклеарни авиони во Белгија, Германија, Италија и Турција и дека Париз е подготвен да разговара за истата мерка.

Секое проширување на француското нуклеарно одвраќање кон други европски земји би било условно, а Макрон ќе ги дефинира условите во наредните недели и месеци.

Макрон, исто така, рече дека ЕУ нема да плаќа за безбедноста на другите и дека таквата одлука не треба да се донесува на сметка на сопствените одбранбени капацитети.

фото: ЕПА