Во свет каде сè поголем број парови се соочуваат со предизвиците на неплодноста, Newlife IVF Greece нуди надеж и нови можности за создавање семејство. Со врвни технологии и индивидуален пристап кон секој пациент, оваа клиника во Солун е посветена на обезбедување на најсовремените третмани за плодност.

Македонските лекари исто така имаа можност одблиску да се запознаат со работата на клиниката на настан одржан во Скопје, каде беа информирани за најновите достигнувања во областа на репродуктивните технологии.

– Ова е наш трет пат во Скопје да понудиме консултации и да ги информираме пациентите за нивните опции за третман на неплодност, вели д-р Димитриос Довас, специјалист за неплодност и медицински директор на Newlife IVF Greece.

Тој открива дека тајната на успехот на нивните услуги лежи во индивидуалниот пристап.

– Тајната лежи во индивидуалниот пристап, бидејќи секој пациент е посебен и секој случај е различен, па затоа работиме да обезбедиме најсовремена медицинска нега која е прилагодена на индивидуалните потреби, вели д-р Довас.

Покрај најновите медицински технологии, тој ја истакна и важноста на раната дијагностика.

– За жал, жените се одлучуваат да забременат на подоцнежна возраст, што значи намален квалитет на јајце-клетките и помали шанси за успех. Доколку навреме се направат соодветни тестирања, постои можност за замрзнување на јајце-клетките со цел зачувување на плодноста, додава д-р Довас.

Елена Најдоска, координаторка за пациенти од Македонија, сподели дека клиниката нуди целосна поддршка на пациентите од државава.

– Гледаме дека сè повеќе пациенти се одлучуваат за ин витро оплодување во странство од причина што некои третмани многу често не се достапни во Северна Македонија, како што е тестирање на ембрионите пред трансфер, што дава можност да се испита кои имаат некои синдроми во зависност од спецификите на нивниот случај, за да знаеме како понатаму да продолжиме во нивниот процес, вели Најдоска.

Од своето основање во 2010 година, клиниката со седиште во Солун е водечки давател на сеопфатни услуги за асистирана репродукција во Европа, нудејќи 2000 ИВФ циклуси во 2024 година и поддржувајќи пациенти од секој агол на светот, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Србија, Македонија…

Newlife IVF Greece комбинира врвна технологија и најсовремена ембриолошка лабораторија со топла, разбирлива и доверлива средина. Поддршката на клиниката 24/7 со посветен меѓународен оддел кој течно зборува различни јазици, им го нуди на пациентите нивото на поддршка и спокојство што им е потребно.

Искусниот научен тим на клиниката применува иновативни методи и строги протоколи за квалитет за да ги максимизира стапките на успех, кои достигнуваат над 70 проценти.

Освен медицинската експертиза, клиниката става акцент на персонализиран, хуман пристап, разбирајќи ги и адресирајќи ги психолошките и емоционалните потреби на своите пациенти.

Newlife IVF Greece, пионер во областа на ИВФ, несомнено претставува светла точка за сите оние кои бараат решенија за своите предизвици со плодноста.

Можете да дознаете повеќе за Newlife IVF Greece тука, или преку нивните профили на социјалните мрежи.

Фото:МИА