Венко Филипче да каже што друго освен луксузното Ауди Q8 има како профит од тендерите со јаглен во ЕСМ од фирмите на Вице Заев и Енис Колашинац? Праша на денешната прес-конференција пратеникот, Бране Петрушевски.

– Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па е награден со луксузно ауди? Венко Филипче и СДС не можат да молчат особено што фирмата на Вице Заев во Бугарија, Гомасидра, која инкасирала 9 милиони евра од јагленот, се наоѓа на иста адреса како и неговата фирма „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd). Венко Филипче и Вице Заев делат ист канцелариски простор, на нивните фирми во Бугарија, на иста адреса се наоѓаат и редица фирми на Заев. Очигледно е дека фирмите на Заеви и Филипче во Бугарија се испреплетени, а парите помеѓу нив се во ист двор. Очекуваме ЈО да реагира и отвори случај за Венко Филипче, а за тоа има пред сè две многу силни причини: Прво, фирмата добитник на државен тендер за испорака на јаглен, му купила луксузен џип ауди Q8 од 130 илјади евра. И под два, милиони од тој тендер завршиле на сметка на фирма на Вице Заев во Бугарија со иста канцеларија со фирмата на Венко Филипче, истакна Петрушевски.

Очекуваме ЈО да отвори истрага, одговорност мора да има, додаде Петрушевски.