Денеска бев на прием кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети, објави градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје. Како што ви ветив, секој ден ќе сум со вас, во сите населби и маала на терен, потенцира Ѓорѓиевски.

Тој поденцира дека ќе се видам со секој од вас, во секое маало и уличка, секое населено место и од вас, од вашите проблеми ќе ја креираме новата победничка програма со која Скопје ќе го возобновиме.

Време е градот што сите го сакаме, да блесне повторно со својот сјај, достоинство и дух. Заедно со вас, чекор по чекор, ќе му го вратиме достоинството на Скопје, додаде Ѓорѓиевски.