Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека унгарско-украинскиот државјанин кој починал по претепување при присилна мобилизација во Украина е „еден од нас“ и повика случајот да се истражи сериозно.
– Жртвата припаѓа на нашата заедница, не само во културна и национална смисла, туку и во смисла на јавното право, изјави Орбан за јавниот радио сервис „Кошут“.
Toj остро ги отфрли, како што рече, „претпазливите формулации“ во медиумите, истакнувајќи дека човекот не само што бил регрутиран против својата волја, туку и претепан до смрт.
– Ова е случај што мора да биде истражен, додаде Орбан, предупредувајќи и на поширокиот безбедносен контекст со зборовите дека „живееме во ера на опасности“ и дека „секој збор и секоја одлука во овој момент може да има значење“.
Според весникот „Маѓар Немзет“, 45-годишниот Јожеф Шебештијен починал во болница три недели откако бил приведен од полицајци на на улица кај Територијалниот регрутациски центар, натеран да влезе во минибус и претепан со метални шипки.
Сестрата на починатиот објави видео на кое украински војници го малтретираат нејзиниот брат.
Унгарскиот ТВ канал Хир пренесе дека украинскиот амбасадор во Будимпешта, Шандор Феѓира, по консултациите во унгарското МНР, изјавил дека може да сподели „неколку информации“ за случајот.