Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските во Охрид.

-Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми. Не сличајно секторот туризам го додадовме до министерството култура, и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи споредн направените истражувања најголемиот дел од посетителите, односто туристите кои ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација, токму тоа е и причината зошто ја посетуваат, односно богатото културно наследство, изјави премиерот Мицкоски.

Овој објект, оваа населба заедно со придружната инфраструктура навистина претставува еден значаен објект за Охрид и за туристите коишто го поетуваат Охрид, додаде Мицкоски.

Премиерот одговори и на новибарско прашање во врска со вчерашниот инцидент на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска:

-Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот. Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам, одговори кусо Мицкоски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.

Арсовска вчера информира дека при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, била нападната, прво вербално, а потоа и физички, пред припадници на МВР.

Синоќа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека во нападот имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.

фото: МИА