Падна договор во „Европски фронт“ за поделба на кандидати за градоначалничките места. Зијадин Села ќе се бори за Струга (ДУИ се откажува од Рамиз Мерко), Бујар Османи оди во Чаир, а новопечениот коалиционер Арбен Таравари пак ќе „напаѓа“ за Гостивар, дознава Курир.
Партијата на Села го „доби“ и Дебар, каде одат со кандидатот Тирон Јајага, како и за Арачиново со Дритон Небиу.
ДУИ ќе се „фајта“ и за Липково со Еркан Арифи, во Тетово со Бајрам Реџепи, Боговиње со Бесник Емшиу, Желино со Емир Сулејман, Брвеница со Аркин Јахији, Чашка со Суат Шакири и Пласница каде оди Алија Јаоски.
Таравари и неговата партија имаат кандидати за Врапчиште со Исен Шабани и Сарај каде одат со кандидатот Блерант Рамадани.