Прелиминарните наоди од истрагата за основачот на Светскиот економски форум (СЕФ), Клаус Шваб, откриваат дека тој наводно манипулирал со значаен извештај за глобалната конкурентност за политички цели и испраќал несоодветни е-пораки до помладите вработени, објави денес швајцарскиот весник „Зонтаг Цајтунг“.
Истрагата, исто така, откри дека сопругата на Шваб наводно платила за патување со пари од СЕФ иако немала официјална позиција во организацијата, објавува Politico.eu.
Се чини дека наодите ги потврдуваат наводите содржани во писмото на информаторот за финансиските злоупотреби на Шваб, вклучително и злоупотреба на средствата на СЕФ и несоодветен третман на вработените