Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури од 90-тите, денес повторно се јавува како гласноговорник на истата таа матрица што ја држеше Македонија во стегите на корупцијата и политичкиот прогон.

Нема поголема иронија од тоа потпретседателката на партијата која 7 години ја претвори државата во приватен имот на кланот Заеви и нивните ортаци, да зборува за „узурпација“.

Во времето на СДСМ, МВР беше сервис за криминалните структури блиски до власта, а началниците беа партиски извршители за притисок врз неистомисленици, или за штанцање на фалц-пасоши на белосветски нарко босови.

Денес, кога конечно се воспоставува ред и се расчистува со тие остатоци од минатото, на Чупеска и СДСМ им пречи што повеќе нема простор за нивните тајни договори и злоупотреби.

Што се однесува до „режимот“ – режим имаше кога Вие, госпоѓо Чупеска, заедно со Вашите ментори и шефови, ја газевте волјата на народот, ја злоупотребувавте полицијата и ги полневте џебовите на Вашите кланови. Тоа време заврши.

Или можеби заборавивте на времето кога изгoреа луѓе во модуларната болница, а Заев, Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ и другите Ваши најблиски соработници ја разнебитуваа државата? Тоа се вашите „демократски“ стандарди.

Наместо да се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски и да му угоди докажувајќи се колку е лојална, нека се вразуми и нека сфати дека Фрчкоски ќе ја откачи на првата кривина.., или на првиот паркинг.

Наместо лекции за капацитет, објаснете им на граѓаните како токму Вашите политички покровители ја втурнаа државата во најголемите национални порази и економски грабежи во последните децении. И имајте на ум дека ниту расфрлањето со терминот “режим”, ниту китењето со пердувите на “Шарената деволуција”, нема да Ви помогне да ја покриете разединетоста која ја имате во СДСМ, токму поради Вашата лојалност кон оние кои Ве доведоа до тоа дереџе!, пишува меѓудругото во својата објава Милошоски, во која ја пренесува и рекацијата ан ана Чупеска за настаните во Демир Хисар.

Еве што Чупеска објави:

„Во очаен обид да инсталираат режим, поради страв од сопствена некапацитираност; неспособноста и незаконското постапување на началниците на г-дин Тошковски силеџиски дејствуваат против секоја општа и уставна логика.

За тоа, итно треба да бидат изнесени пред лицето на правдата!

Очекувам за скандалот во Д. Хисар, ОЈО да постапи согласно своите надлежности, кога веќе началникот ги пречекорил своите овластувања и очигледно злоупотребил службена положба.

На власта не и јасно се уште, дека државата не е приватна сопственост!

МВР не може и не смее да биде ставено во функција на личните потреби на дпмнеовски началничиња – со крајно компроматна историја.

СДСМ еднаш сруши режим, ама овој пат нема да ни да дозволи да биде инсталиран.

Неспособноста не може да се покрие со режимски практики, за кои исто така немаат капацитет.“