Маж осуден за убиство на четири члена од иста фамилија беше погубен утринава на јавно место во Иран, пренесоа тамошните медиуми.
„Еден од сторителите на бруталното убиство на четири члена на семејство во градот Бејрам, во провинцијата Фарс, беше обесен утрово на јавно место“, соопшти правосудната агенција „Мизан“, без да прецизира каде точно е извршено погубувањето.
Убиствата биле извршени за време на грабеж во октомври 2024 година. Осудениот, заедно со својата сопруга, ја убил мајката и нејзините три деца.
Двајцата беа осудени на смрт во февруари оваа година, а Врховниот суд ја потврди пресудата во април. Според агенцијата, сопругата ќе биде погубена во затвор, но без да се прецизира датум.
Иран е втората земја во светот по број на егзекуции по Кина, според организациите за човекови права. Таму убиство и силување се казнуваат со смрт, а јавните погубувања најчесто се извршуваат пред зора.
Фото: архива