Украина на почетокот на 2026 година ќе започне со масовно производство на крстосувачки ракети FP-5 „Фламинго“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според него, изминатиов период имало успешни тестирања на ракетата „Фламинго“ што ќе има досег од 3.000 километри, објави „Униан“.

Зеленски додаде дека сè додека Украина не може да користи стотици ракети, подетална дискусија за програмата „не е соодветна“.

Масовното производство, како што најави, треба да започне до крајот на декември или почетокот на јануари или февруари.

Ракетата FP-5 „Фламинго“ има боева глава од 1.000 килограми и тежина при полетување од шест тони, со распон на крилјата од шест метри, што овозможува едноставен дизајн за масовно производство, но и одредени технички предизвици, велат аналитичарите.

фото: Принтскрин ЈуТјуб Канал 13