Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети касарната „Гоце Делчев“ каде се одбележуваше 30 години од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – столбот врз кој се градат идните офицери и подофицери на Армијата.
Честитки до новиот декан, полковник Ненад Танески, му посакувам успешно раководење, исполнето со визија, одговорност и посветеност во создавањето на идните генерации офицери и подофицери.
Во изминатите три децении, Академијата прерасна во значајна високообразовна институција не само во државата, туку и во целиот регион. Со посветен и стручен кадар, со јасна визија и мисија, Академијата ја исполнува својата улога – создавање на генерации на професионалци подготвени да служат со чест, достоинство и лидерство, истакна министерот Мисајловски.
Тој додеде дека, посебно се радува на фактот што оваа институција има и регионален карактер, преку образованието на питомци од пријателски земји, се градат мостови на соработка, дијалог и интероперативност меѓу идните воени лидери.
Денеска беше промовирана и монографијата „30 години Воена академија“ – капитално дело кое сведочи за историјата, достигнувањата и придонесот на оваа институција во нашето општество, објави Мисајловски.