ЈО да не молчи, итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат политичката мафија или правдата во државата? 5 години службите на АНБ и АР биле под целосна партиска контрола на СДС и ДУИ каде институциите биле злоупотребувани а човековите права целосно нарушени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС и ДУИ ги злоупотребувале институциите и нанеле директен удар врз демократијата и основите на правната држава. СДС пет години ги рушела темелите на системот и правната држава заради теснопартиски интереси со цел што подолго да се задржат на власт. За таа цел се конструирале белешки од АНБ. ЈО и Љупчо Коцевски да престанат да бидат сервис на партиската врхушка на СДС и ДУИ. ЈО и Љупчо Коцевски да се одважат и да започнат да работат во интерес на правото и правдата во државата, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Љупчо Коцевски лично и директно сноси одговорност за мизерната доверба на граѓаните во правосудството која е под 2 проценти.
-Молкот на Коцевски е соучество и организирано прикривање на незаконското следење. ЈО да открие кој стои зад незаконското следење на претседателот Мицкоски и кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки, се наведува во соопштението.