СДС, Заев и Шукова во 2020 година во предизборната кампања лицемерно ветија на граѓаните дека ќе го решат еколошкиот проблем со Вардариште. СДС во својата програма „Можеме“ на страна 228 изречно се обврзале пред граѓаните дека ќе се зафатат со ремедијација на Вардариште и расчистување на дивите депониите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шукова ниту како државен секретар ниту како министер во Министерството за животна средина и просторно планирање не направи ништо во однос на тие ветувања. Зошто Шукова не го спровела овој проект? Зошто Шукова и СДС ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште? Зошто цел мандат СДС и Шукова го минаа во празни зборови и декларативни изјави без реализација и акција на терен? Истата таа програма на СДС го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот. Каде завршија тие 42 милиони евра? Дали СДС и Шукова мислат дека граѓаните имаат кратка меморија за повторно истите лаги да им ги продаваат, се наведува во нивното соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС треба да знаат дека граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува а кој исполнува.

-СДС е класичен пример за неработење, неспособност и политичка манипулација. СДС и Шукова немаат ниту визија, ниту резултати. СДС и Шукова шират манипулации, популизам и лаги. ВМРО-ДПМНЕ има реална програма, јасен план и политичка волја за решавање на клучните проблеми на граѓаните, за почиста животна средина како и решавање на еколошките проблеми и поквалитетен живот на граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.