Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Првата битка со несреќата која ни се случи – горењето на двете депонии и пожарот во Трубарево – полека се стабилизира. . Благодарност до оние кои беа во првите редови. Поклон за сите нив, до земја.

Надлежните со натчовечки напори успеаја привремено да ја стават состојбата под контрола, но војната не е завршена.

Но, сега нема време за опуштање – напротив, војната не е добиена, уште долго ќе се води борба со децениски структурираниот проблем.

Не смееме сега да дозволиме ова да биде вест само за три дена. Не дај Боже повторно да се случи слична хаварија и да продолжи да не убива нас, нашите деца, нашите внуци, нашата иднина.

Имам информации дека Владата и надлежните министерства интензивно преземаат мерки за долгорочно да се реши овој проблем .
Потребна е максимална внимателност и одговорност!

Апелирам до граѓанините до тогаш максимално да сме претпазливи, избегнување подолги престои и физичка активност на отворено, носење маски, активирање на прочистувачите за воздух во секој дом, градинки, училишта и канцеларии, навремена промена на филтрите за воздух кои под овие околности брзо се загадуваат, земање витамини, повеќе течности и верба во државните институции кои се борат да ја стават ситуацијата под целосна контрола.

За тоа ќе треба време – денови и месеци.

Ова се денови кога мораме да ги заштитиме најмилите!