Рано утринава беше подметнат пожар во сервис за автомобили во Стаклара, населба Пинтија во општина Кисела Вода, при што биле опожарени поголем број на возила, објави Курир.

Како што може да се види од самото видео, маж ја прескокнува оградата ги полива автомобилите и потоа ги потпалува и истиот бега од местото на настанот.

За ова не може да се каже дека е изолиран случај, бидејќи постојат сомнежи дека сите настанати пожари во Вардариште, Дрисла, и Трубарево организирано се подметнати, а со цел да предизвикаат револт кај граѓаните на Скопје токму пред локалните избори во месец октомври.

Пожарот бил изгастат од страна на противпожарната бригада, а причинета е голема материјална штета.

Рано утрово околу 4 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Камник) во кој имаше повеќе автомобили, масло и други запаливи предмети, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешката борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот утрово.