Очигледна е соработката на ДУИ и Левица во Тетово, Гостивар и Струга, целта им е раслојување на анти ДУИ гласовите, бидејќи Западна Македонија не се само овие општини, истакна денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Јас од вчера не сум во политиката и потегот на политичката партија Левица да извади свои кандидати во општините Тетово, Гостивар и Струга и тоа да го брендира не ја заборавиле Западна Македонија а притоа да не извади свои кандидати, пример овде во Јагуновце, Теарце и во другите општини, бидејќи Западна Македонија не е Струга, Тетово и Гостивар има и други општини. Доволно говори дека нивната цел координирана е со политичката партија ДУИ за да дојде до дисипација, раслојување на анти ДУИ гласовите во тие општини, затоа што ДУИ сваќа дека во тие општини неможе да победии разбира дека ќе биде поразен на овие избори, односно ќе има многу мал, незначителен број на градоначалници и единствениот сојузник кој во моментот се обидува да фрли гума за спасување е токму политичката партија Левица, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека шансите за да победи кандидатот за градоначалник на Левица во Тетово, Гостивар или Струга не се ниту теоретски.
-Ние знаеме, не сме од вчера во политиката, шансите за да победи кандидатот за градоначалник на Левица во Тетово, Гостивар или Струга не се ни теоретски, но шансите доколку би извадиле кандидат за градоначалник во Велес или во Штип се на ниво на теорија. Вистинското прашање е, зошто во родниот град на претседателот на Левица немаме кандидат, зошто во Штип кој што е роден град на уште еден член на раководството на Левица немаме кандидат за градоначалник, туку токму во општините Тетово, Гостивар и Струга каде што е јасно дека кандидатите за градоначалници на ДУИ ќе бидат поразени бидејќи огромно мнозинство и сентимент кај жителите во тие општини и расположение е анти ДУИ. Нормално, својот стар коалиционен партнер со кој што функционираат и во Собранието од време навреме, но и во Град Скопје го повикаа на помош, а тој е секогаш тука да фрли гума за спасување тогаш кога на Али Ахмети и другаршињата тогаш кога им е потребно, рече Мицкоски.